Трамп им порача на конгресменки да се ‘вратат од каде што дошле’

114

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на група демократски конгресменки кои постојано го напаѓаат, од кои повеќето се родени во САД, „да се вратат и да помогнат да се поправат уништените и со злосторства зафатените места од коишто дошле“, а неговиот коментар демократите го оценија како расистички и ксенофобен.

„Интересно е да се гледа како ‘прогресивните’ демократски конгресменки, кои дошле од земји чиишто власти се чиста катастрофа… злобно зборуваат за граѓаните на Соединетите држави… како треба да се води нашата држава“, напиша Трамп во низа коментари на Twitter.

Иако претседателот на неведува имиња, јавноста препозна дека алудирал на Александрија Оказио-Кортез од државата Њујорк, Илхан Омар од Минесота, Ајана Присли од Масачусетс и Рашида Тлаиб од Мичиген, група конгресменки на опозициската Демократска партија кои себеси се нарекуваат „прогресивни“ и се познати по критиките упатени кон Доналд Трамп, но и кон актуелното водствот на нивната партија во Конгресот. Меѓу нив, единствено Омар, чиешто семејство ја напуштило Сомалија и се преселила во Минеаполис во 1997 година, е родена надвор од САД.

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и покрај внатрепартиските кавги со споменатите членки на оваа група конгресменки, во неделата ги бранеше заедно со своите колеги демократи. Коментарите на Трамп таа ги нарече „ксенофобни“.

„Кога Доналд Трамп им вели на четирите пратенички во Конгресот да се вратат во нивните земји, потврдува дека неговиот план ‘повторно да ја направи Америка голема’ всупшност повторно да ја направи бела“, напиша Пелоси на Twitter.

„Спаѓам ли и јас во категоријата на претседателот? Фала му на Небото. Тоа е она што Америка го смета сон. Претседателот не би смеел да ги миминизира вредностите од овој вид“, рече демократскиот сенатор Дик Дарбин во емисијата „Face the Nation“ на телелвизиската мрежа CBS News, споменувајќи дека неговото семејство има литванско потекло. Покрај тоа, алудираше на животниот пат на Омар која од бегалец стана конресменка, и со Тлаиб се единствените муслимани во Конргесот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.