Трамп има најмалку 315 милиони долари лични долгови кон кредиторите, вклучително и странски

160
© AP Photo/Alex Brandon

Американскиот претседател Доналд Трампи имал до средината на 2017 година најмалку 315,6 милиони долари лични долгови кон германски, американски и други кредитори, според извештајот на сојузното биро за етика објавен во петокот на 98 страници

Трамп имал околу 20 милиони долари приход од новиот вашингтонски хотел отворен во септември минатата година во близина на Белата куќа, а приходите од луксузното одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида во кое ги дочекуваше светските челници, пораснале, според споменат извештај. Приходите од Мар-а-Лаго, каде што двојно се зголемени членарините на 200.000 долари откако победи на ноемвриските претседателски избори пораснале за 25 отсто, на 37,25 милиони долари.

Најголем дел од неговите приходи ги сочинуваат 115,9 милиони долари од голферското одморалиште „Trump National Doral“ во Мајами. Трамп пријавил приход од најмалку 594 милиони долари за минатата 2016 и за почетокот од 2017 година, како и сопственост од најмалку 1,4 милијарда долари.

Извештајот покажува дека има најмалку 130 милиони долари долг кон „Deutsche Bank Trust Company Americas“, филијала на германската „Deutsche Bank AG“. Трамп пријавил дека има и долг кон „Deutsche Bank“, кој надминува 50 милиони долари за градење на хотелот во зградата во која беше седиштето на американската пошта во Вашингтон. Американскиот претседател пријавил и долгови од најмалку 110 милиони долари кон корпорацијата „Ladder Capital“.

Медиумите и дел од јавноста во САД му забележуваат на Трамп за тоа што одбива да ја објави својата даночна пријава, што појасно би го прикажала неговото богатство и деловни интереси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.