Трамп именува специјален претставник за преговорите меѓу Белград и Приштина

Претседателот на САД Доналд Трамп го именуваше Ричард Гренел, актуелниот американски амбасадор во Германија, за специјален претседателски претставник за преговорите меѓу Белград и Приштина, соопшти Белата куќа.

Гренел за функцијата мора да го потврди Сенатот, јави Гласот на Америка. Според „Вашингтон тајмс“, Гренел би требало истовремено да ги извршува двете функции.

Ричард Гренел е амбасадор на САД во Германија од 8 мај 2018 година.