Трамп ја објасни забраната за трансродовите лица во армијата

© REUTERS / Darrin Zammit Lupi

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално ја врати отстранетата од страна на неговиот претходник Барак Обама забраната за служење на трансродовите лица во американската армија, се наведува во објавениот меморандум потпишан од него.

Во текстот од документот американскиот претседател Доналд Трамп се наведува дека иу дава препорака на министрите за одбрана и за внатрешна безбедност „да се врати во дејство во текот на долги години до јуни 2016 година активната политика кон трансродовите лица во воената служба“.

Трамп наведува дека какви негативни аспекти би можела да има одлуката да се укине забраната: намалување на ефикасноста на армијата, зголемување на трошоците за нејзино спроведување, нарушената координација на поединечните единици.

Меморандумот, исто така, му забранува на Пентагон да ги користи своите ресурси за извршување на операции за промена на полот на војниците. На министерствата за одбрана и за внатрешна безбедност, претседателот им наредува самите да определат како ќе постапуваат со трансродовите лица коишто веќе служат во вооружените сили на САД.

Соодветниот закон ќе стапи на сила на 23 март 2018 година.

Дека трансродовите лица не можат да служат во американската армија, Трамп зборуваше кон крајот на јули. Тој ваквите размислувања ги аргументираше со високите трошоци за нивната медицинска грижа.

„Нашата војска мора да биде концентрирана на убедливи победи и не може да биде поврзана со огромните медицински расходи и конфузијата, што ќе предизвика примањето на овие лица во служба“, напиша тогаш на Twitter сегашниот американски претседател.

Одлуката на Трамп наиде на критики, меѓу другите, и од поранешниот челник на Пентагон, Ештон Картер, кој го нарече изборот на воениот персонал на основа на какви и да се други податоци, освен воените квалификации, социјална политика и рече дека на таквиот пристап не му е место во вооружените сили на САД.

Во јули минатата година Картер објави дека на трансродовоте лица им е дозволено отворено да служат во армијата. Тој истакна дека САД не можат да си дозволат бариери, кои со ништо не се поврзани со квалификациите на луѓето, за да се спречи ангажирањето на оние кои ги исполнуваат условите за тоа. Сепак, спроведувањето на оваа регулатива беше одложена.

Во февруари годинава Трамп, исто така, го повлече правилото воведено од Обама за учениците трансексуалци, со коешто државните образовни институции мора да овозможат тоалети според нивниот полов идентитет. Правилата не беа задолжителни, но училиштата беа предупредени дека би можеле да го загубат државното финансирање, доколку не се придржуваат до препораката.

Одлуката на Обама тогаш предизвика бурни реакции низ целата земја. Властите на 13 сојузни држави се обидоа пред судовите да ја оспорат препораката. Многумина сметаа дека таа ја загрозува приватноста и безбедноста на другите ученици.

Трансродовите лица се луѓе чијшто полов идентитет не се совпаѓа полот регистриран при нивното раѓање. Во американската армија, според разни неофицијални процени, служат во моментов меѓу 1.300 и 6.000 трансродови лица.

Во 2010 година Обама го укана ткн закон „Не прашувај, не кажувај“, кој им забрануваше на хомосексуалците да служат доколку не ја кријат својата сексуална ориентација. Законот претходно беше на сила 17 години.