Трамп ја одложи акцијата против имигрантите за две седмици

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ја одложил за две седмици најавената акција на масовни апсења на имиграбнтите поради депортации, за да им даде време на законодавците да постигнат компромис по мигрантските прашања.

„На барање на демократите, го одложив процесот на остранува на илегалната имиграција (депортации) за две седмици, за да видам можат ли демократите и републиакнците заедно да најдат решение за проблемот со азилот и дупките на јужната граница. Доколку не, депортациите почнуваат“, напиша Трамп во саботата на Twitter.

Претходно во саботата претставничката на Претставничкиот дом на Конгресотм, демократката Ненси Пелоси, ги повика верските водачи да извршта притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп за да ја сопре акцијата против имигрантите, односно масовното депортирање со коешто би биле опфатени 2.000 семејства во десет американски градови во неделата.

Пелоси во писмената изјава наведе дека најавените раци и депортации ќе „внесат страв во нашите заедници“, и ќе ги раздвојат семејствата. „Акцијата на претседателот не разликува прекршок и извршување на сериозно злосторство“, вели Пелоси и ги повикува верските и другите првенци да му укажат на Трамп на вредноста на американската програма за згрижување бегалци.

Трамп во саботата пред патувањето за Кемп Дејвид за новинарите рече дека Американската имиграциска и царинска служба (ICE) е фокусирана на истерувањето на меѓународната улична банда МS-13 од САД. Многу од барателите на азил од Гватемала, Хондурас и Салвадор наведуваат дека причина поради коај бараат засолниште во САД е токму насилството на бандите како што е МS-13, но која се проширила и на американска територија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.