Трамп ја откажа планираната посета на Помпео на Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди во петокот дека ја откажал планираната посета на државниот секретар Мајк Помпео на Северна Кореја, бидејќи „не забележуваме доволен напредок“ во процесот на денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

„Побарав од државниот секретар Мајк Помпео во овој момент да не оди во Северна Кореја, бидејќи сметам дека не сме напредувале по прашањето на денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter.

По јунскиот самит во Сингапур преговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг се во застој, а Помпео ја повикува севернокорејската страна да преземе конкретни чекори во насока на откажување на од нејзиниот нуклеарен арсенал. Северна Кореја, меѓутоа, бара САД први да ги направат отстапките, откако Пјонгјанг ги запре ракетните и нуклеарни тестирања, и демонтираше еден од нуклеарните полигони.

Изјавата на Трамп доаѓа само ден откако Помпео објави дека повторно ќе ја посети Северна Кореја и дека со семе ќе го поведен новиот американски специјален претставник Стивен Бигун во обидот да го прекине застојот во процесот. Но Трамп побарал од Помпео да не оди во Северна Кореја во текот на состанокот во Белата куќа во петокот попладнето, изјавил за медиумите висок претставник на Белата куќа.

Трамо, исто така, на Twitter појасни дека посетата на Помпео нема да се случи сѐ додека Вашингтон не го реши трговскиот спор со Кина, земјата којашто, како што тврди, „не помага по процесот на денуклеаризацијата како порано“.

„Државниот секретар Помпео се радува на посета на Северна Кореја во скора иднина, најверојатно откако ќе ги разрешиме трговските односи со Кина. Во меѓувреме би сакала да испратам најтопли поздрави и почитување за претседателот Ким. Ќе ме радува наскоро да го видам“, порача Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.