Трамп ја поддржа изолацијата на Катар

Американскиот претседател Доналад Трамп во вторникот ја поддржа изолацијата на Катар поради „поддршка на тероризмот“ со што е доведена во опасност иднината на главната американска воздухопловна база во регионот, во близина на Доха, каде што се стационирани околу 10.000 американски војници.

Во серијата твитови во вторникот, американскиот претседател Доналд Трамп застана на страната на земјите од регионот на Персискиот залив кои наметнаа дипломатска, економска и сообраќајна изолација на Катар, алудирајќи на катарското финасирање на терористичките исламистички групи, како Ал Каеда, Исламската држава и Муслиманското братство.

„Во текот на моето неодамнешно патување на Блискиот исток, реков дека мора да се прекине финансирањето на радикалните идеологии. Челниците го вперија прстот во Катар – и ете!“, напиша Трамп. Во друг твит вели дека неговата посета на Блискиот исток „веќе почнала да се исплатува“, така што регионалните челници го исполнуваат ветувањето дека ќе се пресметаат со оние коишто ги финансираат милитантните групации.

Во амерканската воздухопловна база „Ал-Удеид“ крај катарската престолнина Доха стациониран е и центарот на командата на американските воздушни операции на Блискиот исток, од каде што се координираат воздушните напади против Исламската држава во Сирија и во Ирак. Пентагон наведе во вторникот дека американските воени операции во Катар „не се погодини“ со најновата криза.

„И натаму сме им благодарна Катарците на долгогодишната поддршка за нашето присуство и немаме намера да ја менуваме нашата позиција во Катар“, изјави портпаролот на министерството за одбрана на САД, Џеф Дејвис.

Трамп во прекинот на дипломатските односи на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет, Бахреин и другите заливски земји со Катар гледа „она што би можело да биде почеток на крајот на ужасот на тероризмот“.

Американскиот претседател на социјалната мрежа Twitter напиша дека „споменатите земји заземаа цврст став против финансирањето на екстремизмот и сите елементи укажуваат на Катар“. Тие коментари на мрежата, доколку бидат потврдени со конкретни акциии, би одбележале голем пресвртк во надворешната политика на САД. А пред две седмици во саудиската престолнина Ријад, Трамп во текот на средбата со катарскиот шеик Тамим бин Хамад ал-Тани го истакнуваше долгогодишното пријателство меѓу двете земји.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги повика земјите во Персискиот залив да останат „обединети“, но се чини дека всушност твитовите на Трамп ја потврдија одлуката за изолацијата на Катар.

Би можело да се случи Катар поради целосната изолација, вклучително и на снабдувањето со храна којшато речиси целосно ја увезува, да биде принуден да се сврти кон шиитски Иран, Турција и Русија.

Дипломати и поранешни американски функционирани во вторникот изразија шокираност од толку отвореното заземање на страна на претседателот Трамп во однос на спорот меѓу земјите кои се регионални сојузнички на САД.

Демократскиот сенатор Крис Марфи истакна дека САД имаат илјадници војници во Катар и дека е шокантно тоа што претседателот ја коменирал надворешната политика на Twitter, без да се советува со своите советници за национална безбедност и можните последици за американските единици.

И претходните американски администрации изразуваа загриженост за стотиците милиони долари од Катар, Саудиска Арабија и Кувајт, кои одат за финансирање на екстремните џихадистички групации како Ал Каеда и Исламската држава. Но Белата куќа секогаш досега попрво дискретно ги поттикнуваше земјите од Заливот да се придржуваат на построгите финансиски правила и казнување на индивидуалните донации на екстремизмот.
Во вторникот воздушниот сообраќај во Персискиот залив беше пореметен откако големите арапски воздухопловни компании ги прекинаа летовите за Катар и од таа земја, што предизвиика револт кај патниците. Најмалку 27 летови се откажани на аеродромот во Дубаи во моментот која одлуката стапи на сила за запирање на шесте арапски воздухопловни компании поради дипломатската криза повеќе да не летаат за Катар „до новата одлука“.

Прекинувањето на дипломатските односи ги следат и економски мерки, како што се затворањето на копнените и поморските граници меѓу споменатите земји и Катар, забрана за летање на катарските компании во воздушните простори на овие земји и ограничување во патувањата на граѓаните.

Станува збор за најтешката дипломатска криза на Блискиот исток во поново време.

Дипломатската и економската блокада на Катар ќе има краткорочно големи последици на увозот на храна, но извозот на гас и нафта од малиот но пребогат емират не би требало да претрпи поголеми штети.

Катарските власти сега повеќе ќе зависат од поморскиот и воздушниот транспорт, што ќе ги зголеми трошоците и инфлацијата. Катар има можност да увезува храна од Иран и Оман по поморски пат, а воздушно од Турција, Европа и југоисточна Азија. Техеран веднаш изрази подготавеност за извоз на храна во Катар преку Персискиот залив што е пат од 12 часови.

Со изолацијата на Доха се прикинува единствениот копнен пат од Саудиска Арабија во Катар, што го загрозува неговиот увоз на свежи прехранбени продукти и сировини потребни за инфраструктурните проекти вредни околу 200 милијарди долари и поврзани со Светското фудбалско првенство во 2022 година.

Меѓутоа, извозот на катарскиот течен гас (LNG) и нафта, коишто обезбедуваат повеќе од 90 отсто од јавнит приход на земјата, нема да претрпи поголема штета. Нема да има последици за извоз на енергенсите од Катар кои преку Хормушкиот теснец одат во Јапонија и во југоисточна Азија.

Катар е најголемиот светски извозник на течен гас, извезува 80 милиони тони LNG годишно, но само 10 отсто од тоа е наменето за земјите во Блискиот исток, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати и Египет. Катар произведува околу 600.000 барели нафта дневно.