Трамп ја предупреди Кина да не се одмаздува за зголемување на царините

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди во понеделникот Кина да не се одмаздува за новото зголемување на царините, и истовремено истакна дека американските потрошувачи тоа нема да го почувствуваат врз нивниот домашен буџет.

САД во петокот за повеќе од двојно, од 10 на 25 отсто, ги зголеми царините на увозот на кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари. Доколку САД ги зголемат царините и на преостанатите 300 милијарди долари вредни кинески производи, тоа ќе значи дека Вашингтон наметнал тарифи на речиси сите кинески увозни производи.

Кина во понеделникот објави дека никогаш нема да потклекне на надворешните притисоци, иако не појасни на кој начин ќе му возврати на Вашингтон по новите закани дека ќе бида наметнати царини и на сите преостанати кинески производи увезени во САД.

Во низата објави на Twitter, американскиот претседател наведе дека Кина „со години ги искористуваше САД“. „Значи Кина не би требало да се одмаздува, ќе биде уште полошо!“… „Нема причини американски потрошувачи да платат за царините“, твиташе Трамп.

Меѓутоа, објавите на претседателот Трамп се во контрадикции со изјавите на американскиот економски претставник Лари Кадлоу. Тој во интервју во неделата рече дека „двете страни“ веројатно ќе трпат поради трговските трензии.

„Отворено го предупредувам (кинескиот) претседател Кси (Џинпинг) и сите мои бројни пријатели во Кина, дека Кина силно ќе биде погодена доколку бне се договорите, бидејќи компаниите ќе бидат принудени да ја напуштат Кина и да заминат во други земји“, се закани Трамп.