Свет

Трамп ја споредува „руската истрага“ со макартизмот

Трамп ја споредува „руската истрага“ со макартизмот

Американскиот претседател Доналд Трамп ја спореди во неделата истрагата за наводната руска вмешаност во американските претседателски избори и евентуалниот договор на неговиот изборен штаб со Москва со „маркатизам од најлош вид“ и потврди дека му дозволил на еден од адвокатите на Белата куќа да соработува со истрагата бидејќи „нема што да крие“.

„Проучето го покојниот Џозеф Маккарти, бидејќи сега сме во периодот на Мјулер и неговата банда за којашто Џозеф Маккарти е почетник. Лов на вештерки“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter.

Во текот на 1950-те години во периодот на Студената војна додека со САД владела паранојата од „црвената опасност“, републиканскиот сенатор од сојузната држава Висконсин, Џозеф Макккарти покренал кампања против секое лице осомничено дека е комунист или дека го поддржува режимот во СССР. На удар на неговата комисија се нашле и многу познати личности од културата и филмот, а се смета дека стотици илјади луѓе биле под реперкусии поради неосновани обвиненија.

Пораките на Трамп следеа ден откако весникот The New York Times објави информација според која Дон Мекган, адвокат на Белата куќа, соработувал во истрагата којашто ја води тимот на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за сомневањата за соработка меѓу кампањата на републиканскиот претседателски кандидат и Русија.

„Му одобрив и нему и на другите да сведочат. Не морав!…. Нема што да кријам и барам транспарентост за да се заврши ловот на вештерки…. Тоа е макартизам од најлош вид“, истакна американскиот претседател.

Трамп во саботата ноќта напиша на Twitter дека му дозволил на Мекган и на други членови од персоналот на Белата куќа целосно да соработуваат со Мјулер. Очигледно засегант од написот, повторно ги критикуваше медиумите и особено The New York Times кои во предизборната кампања отворено застанаа против него и на страната на неговата противкандидатка од Демокртатската партија, Хилари Клинтон, а со таквиот однос кон републиканскиот претседател продолжија и по неговата победа.

„Зотоа медиумите лажни вести станаа непријател на народот“, порача Трамп и повторно го употреби изразот против кој оваа седмица се побунија стотици американски медиуми кои покренаа кампања на пишување воведници со критики за претседателот.