Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека штом ќе стане претседател на САД ќе депортира илјадници илегални мигранти, кои извршиле кривични дела, пренесува МИА.
Трамп го изјави тоа на предизборниот митинг во градот Де Моин во државата Ајова.
Тој истакна дека ќе настојува да воспостави систем за следење, кој ќе овозможи илегалните мигранти кои ќе останат подолго отколку што им важат визите да бидат протерани од САД.
Трамп нагласи и дека ќе изгради ѕид на границата и ќе спречи илегалните мигранти да користат социјална помош и други поволности.