Трамп ќе испрати вооружени сили на границата по инцидентот со мексисканските војници

Американскиот претседател Доналд Трамп рече во средата дека ќе испрати вооружени војници на границата по инцидентот со мексиканските војници кои ги обвини дека се можни соработници на трговците со дроги.

„Мексиканските војници неодамна ги нападнаа војниците на нашата Национална гарда, веројатно во рамките на диверзантската тактика на тргвоците со дроги на границата. Веднаш испраќаме вооружени војници на границата“, напиша Трамп на Twitter. Го обвини Мексико дека „не презема ништо“ за да ги запре илегалните имигранти и да ги врати во земјите од кои доаѓаат.

Американскиот претседател не прецизира за кој инцидент станува збор, но телевизијата CNN извести за инцидент од 13-ти април во близина на Клинт, во сојузната држава Тексас, кога шест мексикански војници нападнеле двајца американски војници кои биле во автомобил без регистерски ознаки и разоружале еден од нив.

„Мексиканските војници мислеле дека американските војници се наоѓаат јужно од границата, но тие биле на американска територија“, тврди Пентагон и додава дека по кусиот разговор меѓу војниците на двете земји, мексиканските војници си заминале, како и де се почитувани соодветните протоколи и процедури.

Трамп, кому справувањето со илегалните имиграции му е приоритет, на Twitter потсети дека големиот карван од 20.000 луѓе кој се движеше од Мексико кон САД. „Мексико го намали нивниот број, но карванот напредува. Мексико мора да го запре карванот, или ќе бидеме присилени да го запреме на границата и да испратиме војска“, предупред американскиот претседател и ја пофали „извонредната работа“ на полицијата на американските граници. Полицијата веќе приведе 418.000 илегални имигранти оваа години, многу повеќе отколку во текот на минатата 2018 година во истото време, задоволни заклучува, Трамп.