Трамп ќе ја повлече војската од границата со Мексико

Американската војска која пред две недели беше испратена на границата со Мексико за спречување на мигрантите да влезат на територијата на САД, се враќа дома, објави „Политико“.

Повикувајќи се на изјава од генерал Џефри Бјукенан, порталот дознава дека шесте илјади војници испратени на границата со Мексико пред две недели ќе почнат да се враќаат во наредните денови.

Запирањето на операцијата наречена „Вистински патриот“, која американскиот претседател Доналд Трамп драматично ја најави по што следуваа бурни реакции во јавноста, ги потврди тврдењата на критичарите дека тоа е само политички трик во пресрет на конгресните избори.

Во интервју за весникот Бјукенан, командат на копнената војска при командата на воените сили на САД за Северна Америка, истакна дека речиси шест илјадната војска испратена на границита со Мексико пред две недели се враќа назад. Првите војници ќе ги напуштат пограничните области оваа недела, изјави генералот.

Прес-секретарот на Пентагон, Лора Сил во коментар за „Хафингтон пост“ изјави дека министерството нема информации за дислокацијата, но дека „војниците направиле значаен напредок во затворање на празнините и зацврстување на граничните пунктови“.

Но, дискретното спречување на операцијата „Вистински патриот“ од страна на претседателот на САД, предизвика многу критики од страна на американски набљудувачи на состојбите и воени експерти кои целата таа авантура со префрлање и отповикување на војска ја окарактеризараа како политичка авантура и рекламен трик.

Сите се едногласни дека Трамп ја злоупотреби војската се цел да привлече гласови на изборите кои се одржаа на почетокот на овој месец. Ризик за некаков „бран од мигранти меѓу кои има и криминалци и силувачи“ (така претседателот ја опишувашае заканата од мигранти од Мексико и Јужа Америка во своите говори) на териоторијата на САД не постоеше – слични инциденти со мигранти имаше и во изминатите години, но Трамп тогаш не ја ангажираше војската.

Во колумна за „Њујорк тајмс“, тројца авторитативни американски воени експерти напишаа дека „претседателот ги користи вооружените сили не против реална закана, туку како железни војници – за манипулација со резултатот на изборите, и тоа е случај без преседан“.

Експертите сметаат дека државниот секретар за одбрана Џејмс Матис треба да поднесе оставка за во иднина да не се допушти таква флагрантна политизација на американската армија.

МИА