Трамп: Клинтон во текот на кампањата правеше будали од новинарите

© AFP 2017 / Brendan Smialowski

Американскиот претседател Доналд Трамп обави во саботата на Twitter дека кампањата на неговата противкандидатка од Демократската партија на ланските претседателски избори, Хилари Клинтон, „во врска со Русија, од новинарите правеше будали“, го пренесува агенцијата DPA неговиот коментар на првите обвинувања во истрагата за наводното руско мешање во американскиот изборен систем.

Пораката на американскиот претседател на социјалните мрежи се појави набрзо откако телeвизиската мрежа CNN, којашто во текот на ланската претседателска кампања отворено застана на страната на поранешната државна секретарка и прва дама Хилари Клинтон, објави дека големата сојузна порота ги одобрила првите тужби во истрагата за наводната руска поврзаност со кампањата на тогаш републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Весникот The Wall Street Journal подоцна ја објави тужбата, цитирајќи свој извор.

„Што се случи“, напиша Трамп на линкот на коментарот на весникот The New York Post.

Овој весник, кој инаку е наклонет на американските конзервативци во својот коментар напиша „дека можеби всушност Хилари (Клинтон) е таа којашто со клеветењето на Трамп како руски предавник“ повеќпати им одела на рака на Русите отколку што самиот Трамп воопшто нешто сторил за да ја порази Хилари Клинтон.

Под линкот, Трамп допиша „СЕГА ЗНЕАМЕ!“.

Специјалниот обвинител Роберт Милер, би можел да ги поднесе првото обвинение во случајот на „руското мешање„“ во американските претседателски избори и наводните врски со изборниот штаб на Доналд Трамп со Москва, објави телевизијата CNN повикувајќи се на информиран извор.

Притоа не е дадена никаква конкретна информација за обвинувањето, како и за тоа против кого тоа ќе биде поднесено. Телевизијата објави само дека тоа е одобрено од големата порота во Вашингтон и оти веќе се подготвени апсења. Федералниот суд го затворил достапот до материјалите за случајот, и оттаму не е познато во што всушност се состои тужбата и колку лица со неа се опфатени. Според телевизијата, министерството за правда тоа може да го објави веќе во понеделник.

Изворот на CNN истакнал дека обвиненијата може да не се однесуваат на „дослух со Москва“, кој им се припишува на членовите на кампањата на Трамп, туку на финансиски престапи идентификувани при истрагата на специјалниот обвинител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.