Трамп: Лично би го потпишал мировниот договор со талибанците

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично би го потпишал мировниот договор со талибанците, доколку преговорите за прекин на 18-годишната војна во Авганистан бидат успешни.

– Да. Би го ставил своето име, истакна Трамп пред новинарите во Белата куќа пред да замине во официјална дводневна посета на Њу Делхи.

Неговиот коментар доаѓа по делумното примирје, кое вчера стапи во сила во Авганистан, откако САД и талибанците се согласија на еднонеделно „намалување на насилството“. Примирјето има за цел да создаде услови Вашингтон и талибанците да потпишат договор на 29 февруари во Доха, што ќе отвори пат за повлекување на американските војници по повеќе од 18 години војна во Авганистан.

Околу 13.000 американски војници се уште се наоѓаат во Авганистан, по интервенцијата на САД за соборување на талибанците во 2001 година.