Трамп: Мадона е гнасна, Болдвин е очаен

Американскиот претседател не бираше зборови да возврати на критиките на некои од познатите американски ѕвезди. Мадона која протестираше по инаугурацијата ја нарече гнасна, а Болдвин кој често пати го имитира Трамп, го нарече очаен.
Во второто интервју откако стана претседател, Трамп ја нарече Мадона одвратна откако таа на протестот изјави дека Белата куќа би требало „да се крене во воздух“.

Таа жена е навистина гнасна.- изјави Трамп во интервју со Шон Хенити на Фолс њуз.– Таа си наштети себеси и на целата таа кауза. Мислам дека она што го рече е засрамувачко за целата наша земја. Имаше некои поединци, таканаречени ѕвезди кои на сличен начин се осрамотија, но Мадона е тешко да се надмине – изјави Трамп.

doncoЗа Алек Болдвин кој постојано го исмева Трамп со своите имитации, Трамп рече дека воопшто не е смешен туку е „многу грозен“,Во интервјуто, Трамп жестоко ја критикуваше програмата  “Saturday Night Live” на NBC, откако една од авторките на емисијата, Кејти Рич, на Твитер напиша дека 10 годишниот син на Трамп и Меланија, Барон, ќе стане „првиот американски убиец школуван дома“.

Тоа е невидена, досега најголема сработа и бламажа за таа емисија. Јас сакам хумор но ова беше дно, чист невкус. Да се напаѓа дете од 10 години… Верувајте ми, не му беше лесно да чуе такво нешто за себе, кому би му било – рече Трамп.

Инаку, Кејти Рич се извини за својата постапка и суспендирана е од работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.