Трамп место самит на Г7 во Кемп Дејвид ќе организира месечни видео конференциски врски

Американскиот преетседател Доналд Трамп ќе го откаже состанокот на лидерите на  Г7 во Кемп Дејвид во јуни заради коронавирусот , а место тоа ќе организира видео конференција, соопшти денеска Белата куќа.

Трамп претходено неделава оддржа видео конференција со лидерите на седумте најразвиени земји во светот, а истото го планира и за април и мај, како и за јуни , кога всушност треба да се оддржи средбата на Г7.

Советникот за економија во Белата куќа, Лери Кудлов, ги запознал партнерите за овој потег на претседателот, пренесуваат британските медиуми.

Трамп планираше фокусот на самитот да биде економијата , одбегнувајќи ги темите како што се климатските промени.

Тој првично планираше гостите од Г7 да ги прими во еден од своите имоти на Флорида,но се откажа од идејата заради критиките дека од тоа би имал финансиска корист.

Групата седум најразвиени земји во светот , покрај САД, ја сочинуваат Италија, Јапонија, Канада, Франција, Германија, Велика Британија, како и ЕУ.