Трамп: Ми беше чест да го отпуштам Матис

REUTERS/Jonathan Ernst

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека бил почестен што во 2018 година го отпуштил поранешниот секретар за одбрана Џејмс Матис и дека тоа веројатно била единствената заедничка работа што ја имал со поранешниот претседател Барак Обама.

Тој тоа го напиша на Твитер по повод изјавата на Матис дека Трамп сака да ги подели САД и осудата по повод најавата за употреба на армијата како одговор на граѓанските немири.

Трамп рече дека му дал нов живот на Матис, и дека наместо да ги прави вистинските работи и „да води победнички битки“, тој „дома ретко носел сланина“.

„Веројатно единствената работа што Барак Обама и јас имаме заедничко е дека двајцата имавме чест да го отпуштиме Џејмс Матис, најпреценетиот генерал во светот. Ја побарав негова оставка и се чувствував одлично поради тоа. Неговиот прекар беше „хаос“, што не ми се допадна и го сменив во „бесното куче“. Ми беше мило што си замина“, напиша Трамп на Твитер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.