Трамп може да го промени местото на одржување на републиканската конвенција

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди во понеделникот дека би можел да ја премести августовската национална конвенција на Републиканската партија од Северна Кореја, доколку овој настан биде подложен на рестрикциите поврзани со коронавирусот.

Епидемијата на коронавирусот од која САД бележат највисоки показатели на светско ниво, ги принуди републиканскиот претседател Доналд Трамп и најверојатниот негов демократски противкандидат за Белата куќа, Џо Бајде, да ги запрат предизборните собири.

Во американските медиуми се појавија стравувања дека овие големи во случајов формални конвенции со мноштво делегати и партиски функционери, бо можеле да претставуваат здравствен проблем поради можноста од ширење на заразата.

Трамп на Twitter објави дека партијата ќе најде друга локација за одржување на националната конвенција, доколку демократскиот гувернер на сојузната држава Северна Каролина, Роју Купер, веднаш не одговори на прашањето „дали ќе овозможи просторот целосно да биде исполнет“.

Северна Каролина минатата седмица влезе во втората фаза од од својот палн за повторно отворање, дозволувајќи на рестораните да отворат со 50 отсто од капацитетот, но сепак забранувајќи ги големите собори. Републиканците, пак, бараат за конценцијата арената „Спектрум Центрум“ во Шарлот да биде исполнета со целосен капацитет.

САД со над 1,6 милиони потврдени случаи на коронавирусот и повеќе од 98.000 смртни случаи, според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, е водечка во светот во пандемијата на Covid-19. Северна Каролона во саботата го пријави најголемиот раст на заболените на дневно ниво од 1.100 нови случаи, а досега има потврдено 750 смртни исходи.

Кабинетот на гувернерот Купер одговори дека за конечната одлука ќе се консултираат со епидемиолозите. „Северна Каролина се потпира на податоците и науката за да го заштити јавното здравје и сигурноста на нашата сојузна држава“, соопштија.

Потпретседателот Мајк Пенс изјави за телевизиската мрежа Fox News дека „апсолутно неопходно е“ Купер итно да одговори или конвенцијата ќе биде преместена во сојузна држава којашто отишла подалеку во процесот на попуштање на рестриктивните мерки.

Националната конвенција на Демократската партија, којашто е одложена за еден месец, би требало да се одржи на 17-ти август во Милвоки, во сојузната држава Висконскин. Портпаролката на конвенцијата изјави дека овој настан ќе ги следи сите насоји за тоа „колку луѓе ќе смеат да се соберат во август во Милвоки“.