Трамп му благодари на Иран за „чесните преговори“ за размена на затвореници

Масуд Солејмани, ирански научник осуден во САД разменет за американскиот докторант Ксиуе Ванг обвинет за шпионажа во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата му се заблагодари на Иран за „многу чесните преговори“ за размена на затворениците меѓу двете земји кои ги организираше Швајцарија која ги застапува интересите на Вашингтон во отсуство на дипломатски врски со Техеран.

„Благодарност за Иран на многу честните преговори“, кои доведоа до ослободување на државјанинот на САД, Ксиуе Ванг од ирански затвор, напиша Трамп на Twitter со оцената дека успехот на овие преговори покажува „дека можеме да се договориме“.

САД и Иран претходно во саботата разменија затвореници, при што секоја страна ослободи по едно лице, што е редок случај на соработка меѓу двете земји кои се децениски непријатели, а чии односи се влошија откако во мај минатата година Вашингтон излезе од нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили склучен во 2015 година.

Во САД е вратен американскиот државјанин Ксиуе Ванг, кој беше затворен во Иран три години под обвинение за шпионирање, додека иранскиот државјанин Масуд Солејмани е пуштен од американски затвор.

Трамп, во соопштението кое го објави Белата куќа, не го споменува ослободувањето на Солејмани, но ѝ се заблагодари на швајцарската влада на помош во преговарањета за пуштање на Ванг.

„Ослободувањето на затворените Американци е од животна важност за мојата администрацијата и јас ќе продолжам напорно да работат за да ги вратам дома сите наши неправедно затворени граѓани во странство“, додаде Трамп.

Ванг е ктороант на Принстон, а осуден е поради шпионажа на 10 години во 2017 година. Неговото семејство и универзитетот тврдат дека во Иран патувал како истражувач во рамките на докторската студија од историја. Солејмани, пак, е експерт за матични клетки, а беше уапсен на аеродромот во Чикаго поради наводен обид да извезе биолошки материјал во Иран, со што ги прекршил американските санкци против Иран.

На владата на Швајцарија за посредувањето на Twitter ѝ се заблагодари и иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф,

„Мило ни е што професорот Масуд Солејмани игосподин Ксиуе Ванг наскоро ќе им се придружат на своите семејства. Голема благодарноста на сите вклучени, особено на швајцарската влада“, напиша шефот на иранската дипломатија.

Иранската државна новинска агенција IRNA извести дека Ванг е ослободен на основа на „исламската милостивост“.

Ослободувањето на затворениците е резултат на три или четири седмици преговори, рекол неименуван висок амарикански функционер. „Се надеваме дека тоа ќе води до натамошни успеси со Иран“, реко за новинарите пренесе агенцијата Reuters.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.