Трамп му честиташе на Макрон кој ќе се бори против поделбите кои ја поткопуваат Франција

Американскиот претседател Доналд Трамп му честиташе во неделата ноќта на Емануел на „големата победа“ на француските претседателски избори, а новоизбраниот челник на Франција подоцна изјави дека ќе се бори против поделбите коишто ја „поткопуваат“ земјата, за којашто вели дека отвора нова страница.

„Честитки за Емануел Макрон на денешната голема победа во изборот за нов француски претседател. Одвај чекам да соработувам со него“, напиша американскиот претседател Доналад Трамп на Twitter.

Белата куќа порача дека сака да соработува со новиот француски претседател и да ја продолжи „тесната соработка со француската влада“.

„Ќе се борам против поделбите кои нé поткопуваат“, изјави подоцна Марон од војот изборен штаб, велејќи дека го слушнал „гневот, стравувањето и сомневањето“ на Французите.

Истакна дека ќе работи на „повторното изградување на врските меѓу Европа и луѓето коишто ја сочинуваат, меѓи Европа и нејзините граѓани“.

За Франција се „отвора нова страница, страница на повторно пронајдената надеж и довербата“, рече Макрон. „Ајде да ја сакаме Франција“, порача.

Самопрогласениот центрист Макрон уверливо победи во вториот круг од претседателските избори пред кандидатката на крајната десница Национален фронт, Марин Лепен.

По говорот од својот штаб, Макрон се упати со соработниците да ја прослави победата пред музејот Лувр. На големото плато пред музејот се собраа повеќе илјади лица за да ја поздрават неговата победа.

Приврзаниците на Лепен, пак, околу илјада, задоволни од бројот освоени 11 милиони гласови и победа во некои северни департмани, се собраа во ресторан во шумата Венсене,, недалеку од Париз. На десетици медиуми не им било дозволено да влезе на нејзината изборна вечера, пренесуваат агенцијата.