Трамп му порача на Гуаидо: Ние сме 100% со вас!

Американскиот заменик-претседател Мајк Пенс упати порака од шефот на државата Доналд Трамп до привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гуадо, велејќи му: „ние сме 100 проценти со вас”, информира Франс Прес.

Пенс и Гуаидо се состанаа во главниот град на Колумбија, Богота, за време на состанокот на регионалните сојузници од „групата Лима“, за да разговараат за нивниот следен потег во однос на венецуелската криза и стратегијата за отстранување на претседателот Николас Мадуро од власт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.