Трамп му порачал на Матис дека стои зад него

© AP Photo / Jacquelyn Martin

Американскиот министер за одбрана, Џим Матис, изјави дека претседателот Доналд Трамп повторно го уверил во неговата цеосна поддршка, откако републиканскиот претседател го опиша шефот на Пентагон како „некој вид деморкат“ кој би можел да ја напушти неговата администрација.

Обраќајќи им се на новинарите пред слетувањето во Виетнам во вторникот, Џим Матис, рекол дека со Доналд Трамп, за тоа разговарал телефонски во текот на својот речиси дваесетчасовен лет од Вашингтон.

„(Трамп) Рече: ’Јас сум стопроцентно крај тебе“, повтори Матис со што ги намалува забелешките на неговата сметка изречени од Трамп во интервјуто на телевизијата CBS News.

Запрашан дали е демократ, како што напомна Трамп, Матис открива дека не се зачленил ниту во Демократската, ниту во Републиканската партија. „Никогаш не сум се зачленил во ниедна политичка партија“, рекол Матис, пензиониран морнарички генерал.

Матис настојува да ја прикажен американската национална одбрана како прашање на вонапртиските политики. Исто така, укажуа на долгата воена кариера којашто го научила да детвува „на горд аполитичен начин“ во која американските војници слушаат команди и од републиканските и од демократските претседатели.

Матис рекол дека не разговарал со Трамп за напуштање на должноста, и ги отфрли нагаѓањата дека бил отфрлан. „Јас сум во неговиот тим. Никога не сме разговарале за моето заминување. И како што можете да видите, сме на својот пат (во Азија). Само продолжуваме да ја работиме својата работ“, рекол Матис.

Ова е првиот и единствен одговор по забелешките на Трамп за CBS кои го покренаа прашањетп за тоа дали Матис можеби е подготвен да ја напушти позицијата, можеби по изборите во ноември. Трамп, имено, во емисијата рече „Мислам дека тој е некој вид демократ, ако ја сакате вистината. Но генералот Матис е добро момче. Добро се согласуваме. Можеби ќе замине. Мислам, на некој начин, секој заминува“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.