Трамп му се закани на Асад за нападот во Дума

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди нападот со хемиско оружје во Дума, во Сирија и потенцираше дека сирискиот претседател Башар ел Асад ќе плати висока цена за тоа. Тој додаде дека во безумниот напад има многу мртви, вклучително жени и деца, пренесува Ројтерс.

Трамп преку Твитер ги обвини рускиот претседател Владимир Путин како и Иран за подршка на, како што рекол, „животното Асад“.

Според американскиот претседател, во Сирија се случува нова хуманитарна катастрофа без никаква причина и повика итно да се отвори областа на Источна Гута за да може да се достави помош во Дума.

 

Сиријските опозициски активисти соошштија дека вчера во напад со хемијско оружје во Источна  Гута, кој е под контрола на бунтовниците биле убиени повеќе десетици луѓе, што сиријската влада го негираше.

Во меѓувреме, сириската новинска агенција (САНА) информираше дека владата во Дамаск се договорила со бунтовничката група Џаиш ал Ислам, нивните борци да се повлечат од Дума, а евакуацијата би требало да се изврпи во наредните 48 часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.