Трамп најави дека „наскоро“ ќе се сретне со талибанските челници

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека „наскорож“ ќе се сретне со водачите на авганистанското радикално исламистичко движење Талибан, со кој САД во катарската престолнина Доха претходно во саботата потпиша историски договор преку кој може да се случи целосно повлекување на американските единици од Авганистан по 18-те години војна.

„Наскоро лично ќе се сретнам со талибанските челници“, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа. Рече дека е убеден дека талибаните сакаат „да сторат нешто за да покажат дека не станува збор за губење време“, но сепак ги предупреди и рече „ако работите тргнат на лошо, ќе се вратиме таму“.

Запрашан за критиките од страна на Џон Болтон, неговиот поранешен советник за национална безбеднсот, кој договорот го нарече „неприфатлив“, Трамп остро реагираше. „По 19 години никон не би требало да го критикува овој договор“, одговир претседателот и додаде дека „неверојатно е што САД сториле за светот“.

САД и талибаните во саботата го потпишаа историскиот договор кој треба да создаде услови за повлекува на странските војници од Авганистан во следните 14 месеци и ставање крај на 18-годишната војна. Според договорот, талибаните бараат ослободување на 5.000 нивни борци од авганистанските затворни, но засега е непознато како на тоа ќе одговори владата во Кабул.

Пред потпишувањето на договорот, САД и авганистанската влада во саботата објавија заедничко соопштение, според кое Вашингтон и НАТО ќе ги повлечат сите сили од Авганистан под услов талибаните да ги исполнат своите обврски. САД прво ќе ги намалат бројот на своите војници во земјата на 8.600 во текот на 135 дена предвидени со договорот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека договорот со алибаните е „вистински тест“ на обидите да се постигне долготраен мир во Авганистан, како и дека минатата седмица е намалено насилството, што беше предуслов за потпишување на документот, како и дека покажал оти есктремистите може да бидат мирољубиви.

Иако со договорот се предвидува постепено повлекување на странските сили, многумина очекуваат дека многу покомликувани ќе бидат преговорите меѓу талибаните и Авганистанците.

За милиони Авганистанци договорот претставува некаква надеж за завршување на речиси дводецениското крвпоролевање. Но изгледите за мир остануваат неизвесни, имајќи предвид дека следниот чекор е постигнување договор со авганистанската влада. Високи авганистански функционери и земјите во соседството на Авганистан се загрижени дека САД би можеле да го напуштат Кабул, исто како што го изневериле регионот откако своевремено Советскиот сојуз се повлече од Авганистан.