Трамп на Путин му понудил помош во гаснењето на пожарите во Сибир

Американскиот претседател Доналд Трамп ноќта кон четвртокот во телефонскиот разговор му понудил помош на рускиот претседател Владимир Путин во гаснење на шумските пожарите во Сибир, објави службата за односи со јавноста на Кремљ.

Во телефонскиот разговор кој се водел по иницијатива на Вашингтон, Путин му се заблагодарил на Трамп за понудата и му кажал дека Русија во гаснењето на пожарите веќе ги ангажирала воздушните сили. Рекол дека е потребно, тој ќе го искористи предлогот на Трамп и го информирал американскиот челник за мерки кои ги преземаат руските власти во справувањето со шумските пожари.

Шумските пожари во Русија се проширија на околу три милиона хектари шума, што е речиси колку површината на Белгија, и во неколку региони е прогласена вонредна состојба.

Путин понудата на Трамп ја оценил како знак „дека во иднина ќе биде можно целосно обновување на односите“ меѓу двете земји, соопшти Кремљ.

Двајцата челници се согласиле да ги продолжат контактите во телефонски формат, како и во лични средби, се додава во соопштнието на Москва.

Белата куќа, исто така, наведува дека освен за гаснењето на пожарите во Сибир, двајцата претседатели зборуваче и за трговијата меѓу двете земји. Портпаролот Хоган Гадли рече дека Трамп разговарал со Путин „и изразил загриженост поради големите шумски пожари кои го погодија Сибир“. „Челниците, исто така, разговарале и за трговијата меѓу двете земји“, наведе во кусата изјава.