Трамп на шест месеци ги одложи дополнителните царини на автомобилите

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласил да го одложи на шест месеци, особено за Европската унија и за Јапонија, воведувањето дополни царини за автомобилскиот сектор.

„Министерот за трговија треба да ги продолжи преговорите за договорот и во рок од 180 дена да го извести американскиот претседател за резултатите од преговорите“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Вашингтон истакнува дека во извештајот на минситерството за трговија од 17-ти февруари се предупредува дека „истражувањата и развојот на автомобилската индустрија се клучни за националната безбедност“.

„Американската одбранбена индустрија зависи од автомобилскиот сектор за развојот на технологиите битни за одржување на нашата воеан надмоќ…. Во последниет три децении растот на увозот на автомобили и резервни делови, а во спрега со другите елементи, им осигурил на странските производители да стекнат конкурентска предност пред американските производители“, се оценува во споменатиот извештај.

Американското министерство за трговија сега, пак, препорачува мерки за прилагодување на увозот на автомобили, за да не се загрози националната безбедност. Министерот за трговија Вилбур Рос, препорачува продолжување на преговорите и постигнување спогодба со односните земји.

Европската унија страввуа од царините на автомобилите во САД, особено Германија којашто е голем и силен произведувач на автомобил и извозник на луксузните брендови на американскиот пазар,