Трамп најави дека се водат пеговори за местото на идниот самит со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп рече во неделата дека траат преговорите за местото на неговиот иден состанок на врвот со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун.

„Го договараме местото, коешто наскоро ќе биде објавено… Тие сакаат средба и ние сакаме средба. Добро комуницираме со Северна Кореја“, одговорил Трамп на новинарско прашање на новиот американско-севернокорејскио самит, и без други поединости додал дека водел индиректни преговори со Ким.

Седумдесет и двегодишниот Доналд Трамп и повеќе од триесет години помладиот од него Ким Џонг-ун, во јуни 2018 година првпат се сретнаа во Сингапур. Во текот ја историската прва средба меѓу еден американски претседател и наследник на комунистичката династија Куим, севернокорејскиот челник се обврза на целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, но без детали и редослед на чекорите.

Иако беа направени неко изрази на добра волја од двете страни, преговорите се во застој. Вашингтон бара Северна Кореја целосно да го изнесе нуклеарниот арсенал од земјата кој таа го смета за мерка на одвраќање од можна американска инвазија, додека Пјонганг ги обвинува САД дека бараат еднострано севернокорејско разоружување без никаква отстапка, па ни во поглед на санкциите. Трамп во врска со санкциите во неделата рече дека тие ќе бида задржани на сила до појавата на „многу позитивни резултати“.

Во текот на своето новогодишно обраќање, Ким изјави дека во секој момент е подготвен да се сретне со Трамп, меѓутоа исто така предупреди и дека Пјогнјанг би можел да ги промени ставовите, доколку Вашингтон ги задржи економскиет санкци за Северна Кореја.