Трамп најавува царини на 11 милијарди долари увоз на европски производи

226

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во вторникот дека САД ќе воведат царини на производи со потекло од Европската унија во вредност од 11 милијарди долари, ден откако американските трговски функционери предложија листа со европски производи коишто ќе бидат целени поради актуелниот ткн воздухопловен спор.

„Светската трговска организација (СТО – WTO) смета дека европските субвенции за Airbus негативно влијаеле врз САД, кои сега ќе воведат царини на европските производи во вредност од 11 милијарди долари! ЕУ со години ги искористуваат САД во трговијата. Тоа наскоро ќе престане“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter.

Двете страни се во долготраен глобален трговски спор поради меѓусебните обвинувања за незаконска помош на произведувачите на авиони, „Airbus“ со седишто во Холандија и американски „Boeing“, за да обезбедат предност во глобалната воздухопловна индустрија.

Трговските претставници на САД во понеделникот најавија на кои производи ќе бидат насочени царините во одмаздата поради субвенциите за европскиот производител на авиони, додека крајниот список се очекува летово.

Европската унија во меѓувреме започнала да се подготвува за одмазда поради субвеции кои Вашонгтон му ги дава на „Boeing“, рекол за Reuters во вторникот европски функционер.

Потегот е најавен во моментот кога рекордниот според околу субвенциите, кој низ Светската трговска организација се провлекува речиси 15 години, кулминираше и двете страни во арбитражата одлучија да преземат противмерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.