Трамп нареди укинување на обуката за расизмот во администрацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди укинување на обуката за расизмот во сојузната администрација, за која вели дека води кон „поделби и претставува антиамериканска пропаганда“, објави Белата куќа.

Најавата на Белата куќа доаѓа осум седмици пред одржување на претседателските избори на 3-ти ноември, и во екот на предизборната кампања обележана со големи тензии меѓу штабовите на двата кандидата по прашањето на расизмот и долготрајните протести на оваа тема проследени со насилства и убиства.

„Според медиумските извештаи, од вработените во извршната власт се бара да минат обука во рамките на којашто им се зборува дека ‘речиси сите белци придонесуваат за расизмот или дека таму каде од нов тоа се бара, да тврдат дека имаат полза од расизмот’“, се истакнува во соопштението на Белата куќа.

„Според медиумските извештаи, таа обука отишла толку далеку што се тврдело дека расизмот е вграден дури и во уверувањето според кое Америка е земја на можностите или во убедувањето дека работата би трабало да ја добие најквалификуваната личност“, се додава во текстот.

На претседателот Доналд Трамп му било обратено внимание на тоа дека агенциите на извршната власт до денес потрошиле милиони долари на даночните обврзници „обучувајќи“ ги владините службеници да ветуиваат во антиамериканската пропаганда која прави поделби меѓу луѓето.

Критичката расна теорија е теорија во рамките на општествените науки, која е развиена од постмодерната философија а ја преферираат последните години неолибералните политчки елити, и ја користат критичката теорија за преиспитување на општествата и културите во однос на категории како што се расите, законоте и моќта. Оваа теорија настаната во 1980-те години, ја застапува идејата според којашто „белиот супремацизам“ и „расната моќ“ се одржуваат со времето и дека законите играат голема улога во овој процес.