Трамп наскоро повторнo ќе објавува, но на сопствена мрежа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно ќе започне да објавува на социјалните мрежи во текот на следните месеца, користејќи „сопствена платформа“, изјави во неделата за телевизиската мрежа Fox News, Џејсон Милер.

Според помошникот на поранешниот американски челник, Трамп „ќе се врати на социјалните медиуми за два или три месеца“. Ќе објавува на „нова сопствена платформа“, која ќе привлече „десетици милиони“ корисници. Тоа „потполно ќе ги промени правилата на грата“, оцени Милер.

Милер не даде поединости за тоа како точно Трамп ќе ги објавува своите материјали. Повеќе републикански првенци претходно ја најавија можноста од создавање своевиден аналог на популарните социјалните мрежи, поради ограничувањето на пристапот за групи на нивните поддржувачи. Според нив, многу од достапните ресурски на интернет се контролирани од приврзаници на демократите и организации блиски до нив.

Социјалните мрежи Twitter, Facebook, Instagram и Twitch ги блокираа акаунтите на Доналд Трамп во временски периоди поради неговите објави со кои тврдеше дека претседателските избори од 3-ти ноември 2020 година се украдени во полза на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден. На републиканецот, исто така, му беше забележувано и поради објавите со кои го повикуваше своите преврзаници да бидат мирни по насилното влегување на Капитол Хил на 6-ти јануари но исто време нарекувајќи ги патриоти и повторувајќи ги обвинувањата за изборна кражба.

Поради овие објави, демократите во Конгресот го започнаа вториот процес за отповикување и осудување (импичмент) против Трамп иако на 20-ти јануари му заврши мандатот, со цел да издејстуваат забрана да се кандидира. Подоцна, Трамп беше ослободен од обвинувањата во процесот на судење во Сенатот.

Подоцна од Twitter објавија дека сервисот трајно го ограничува пристапо на Трамп до својата платформа, дури и доколу тој повторно се кандидира и победи на следните претседателски избори.