Трамп не исклучува враќање на САД на Парискиот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека САД во принцип би можеле да се вратат на Парискиот климатски договор, иако не даде никаков конкретен сигнал дека има намера да преземе чекори во таа насока.

„Искрено, немам проблеми со тој договор начелно гледано, но имам проблем со она што го потпишаа. Бидејќи, како и секогаш, потпишаа лош договор. Во пронцип би можеле да се вратиме“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката прес-конференција со норвешката премиерка Една Солберг, алудирајќи ја договорот за климата кој го потпиша администрацијата на неговиот претходник Барак Обама.

Трамп и претхоно ја споменуваше можноста за враќање на преговорите со услов повторно да се преговара, но никогаш јасно не се изјасни за тоа. Во средата повтори дека Парискиот договор, во формата којашто го потпишал неговиот претходник, е „многу неправеден кон САД“ и долго инсистираше на неговиот негативен економски ефект врз земјата.

„Ние сме земја богата со гас, јаглен, нафта и многу други нешта. Договорот е лош за нашите компании“, предупреди Трамп оценувајќи дека за САД целите се превисоко поставени во однос на нивниот главен ривал Кина.

Во рамките на Парискиот климатски договор, САД се обврзаа дека до 2025 година ќе ја намалат емисијата на гасовите коишто го предизвикуваат ефектот на стаклената градина за 26 до 28 отсто во однос на периодот до 2005 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.