Трамп не сака промена на власта во Иран, туку да запре а не да започне војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека не сака „промена на режимот“ во Техеран по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, туку дека дал наредба за оваа ликвидација за да запре а не за да започне војна.

„Сулејмани подготвувал скорешни опасни и кобни напади врз американски дипломати и американски војници, но го уловивме во дејстувањето и го ликвидиравме“, изјави Трамп за новинарите во своето летувалиште Мар-а-Лаго на Флорида.

„Дејствував за да запрам, а не да започнам војна. Длабоко го почитувам иранскиот народ. Не се обидуваме да го промениме режимот“, рече американскиот претседател.

Ги предупреди „терористите“ кои планираат напади врз Американци. „Ќе ве најдеме. Ќе ве ликвидираме. Ќе ги заштитиме нашите дипломати, нашите војници, сите Американци и нашите сојузници“, рече Трамп, пренесе AFP.

Советникот за национална безбедност на Трамп, Роберт О’Брајан, малку подоцна реле дека целта на убиството на вториот човек според влијанието во била да се „спречи натамошно крвопролевање“.

„Ова беше планирано за да се спречи натамошно крвопролевање., тоа беше одбранбена иоперација“, изјавил О’Брајан во текот на телефонски брифинг со новинарите додавајќи дека американската акција била „самоодбрана“.

Според него, Сулејмани наводно планирал напади врз американсктие трупи „преку своите прислужници или диркетно преку Иранската револуционерна гарда“.

Претходно во петокот, американскиот генерал Марк Мили, началник на здружениот штаб, рече дека САД имале „јасни, недвосмислени“ разузнавачки податоци дека иранскиот генерал Сулејмани планирал наводно голема кампања со насилство против САД и тие решиле да дејствуваат. Мили појасни дека опасноста од недејствување го надминувала ризикот од ликвидацијата на Сулејмани што може драматично да ексалира во тензиите со Техеран.

„Дали тоа е опасност? Секако дека е. Но работиме на тоа да ја ублажиме“, додаде генералот Мили.

Неименуван висок претставник на американскиот Стејт департмент во брифинг за новинарите, како што пренесува Reuters, рекол дека тимот на претседателот Трамп смедал дека е „неприфатлив“ ризикот од неактивност во ситуација со изведување на операцијата против генералот Сулејмани.

„Можам да кажам дека во тимот на претседателот за национална безбедност имаше консензус дека ризикот од недејствување е неприфатлив, имајќи ги предвид расположливите разузнавачки информации и ефективноста со која дејствуваше Сулејмани. Тој беше човек кој требаше да се сфати многу сериозно“, рекол американскиот дипломат.

Друг претставник на американската дипломатија рекол дека САД „долги години“ се занимавале со Сулејмани, па дури го сметале и за одговорен за бомбаридање на сопствениот дом.

„Нема да бидеме безбедно во регионот, сѐ додека Иран ја спроведува својата главна стратегија, но ние сме побезбедни без него (Сулејмани), отколку со него. Ова го велам врз основа на долгогодишното искуство работејќи на него и неговите прислужници“, рекол.