Трамп: Не се тестирав на коронавирус, се чувствувам добро

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не се тестирал на коронавирус и прецизираше дека нема симптоми на болеста, како и дека бил прегледан од лекар во Белата куќа.

-Мислам дека тоа не  е важно прашање. Ќе го направам тоа. Не гледам никаква причина…. Се чуствувам исклучително добро, рече Трамп пред новинарите по состанокот посветен на мерките против коорнавирусот што на Капитол хил го имаше со републиканските сенатори.