Трамп не верува дека Иран се обидува да ги испровоцира САД на воена операција

(AP Photo/Alex Brandon)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата претпладнето по локално време во разговор за телевизијата NBC дека не верува оти Иран се обидел со уривањето на беспилотното летало да ги предизвика Соединетите држави да возрвратат со воен удар.

Трамп беше запрашан дали смета дека Иран со соборувањето на американскиот дрон се обидува да го испровоцира Вашингтон на воена операција,

„Не, јас не мислам така“, истакна американкиот претседател. Притоа Трамо рече дека тој е посветен на постигнување договор со кој ќе се ограничи развојот на нуклеарната програма на Техеран.

„Тоа може да биде и посебен договор (со Техеран), и договор кој ќе вклучува и друг (земји)“, порача во одговорот Трамп кој во мај 2018 година ги изнесе САД од меѓународниот нуклеарен договор кој Иран го постигна со шесте светски сили во 2015 година.

Иранската војска во четвртокот објави дека соборила американско беспилотно летало кое било на шпионска мисија во воздушниот простор на Иран. Војската на САД, пак, која тврди дека дронот бил соборен во меѓународниот воздушен простор во петокот била подготвена на одмазнички удар, со кој биле целени три воени локации во Иран.

Меѓутоа, како што рече Трамп, тој ја отповикал наредбата за операцијата десет минути пред да започни кога авионите веќе бидел во водух а бродовите на борбени позиции, откако му било кажано дека во ударите ќе загинат околу 150 Иранци, што го сметал за „несразмерен“ одговор на соборувањето на леталото.