Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да ја затворат повторно економијата затоа што неколку сојузни држави соопштија за зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус.
– Нема да ја затвориме земјата повторно. Нема да мораме да го сториме тоа – рече Трамп во интервју за каналот Фокс њуз.
Коментарите на Трамп доаѓаат откако економскиот советник во Белата куќа, Лери Кудлоу и секретарот за финансии Стивен Мнучин изјавија дека САД не може повторно да ја затворат економијата.
Анализата покажа дека бројот на заразени со коронавирусот се зголемил во најмалку 14 американски држави.
Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи предупреди дека САД продолжуваат да се соочуваат со првиот бран на коронавирусот, истакнувајќи дека е загрижен поради појавата на нови жаришта во земјата.