Трамп нема да ги преименува воените бази

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли во средата можноста да бидат преименувани воените бази кои ги носат имињата на водачите на Конфедерацијата од граѓанската војна во 1860-те години, по таквите барање и потези од движењата кои ги водат протестите избувнати по полициското убиство на агфроамериканецот Џорџ Флојд на 25-ти мај во Минеаполис.

Неименувани финкционери изминатите денови во медиумите изјавуваа дека Пентагон, вклучително и министерот за одбрана Марк Еспер, наводно е отворен за разговор за преименување на воените бази именувани по водачите на Конфедерацијата.

Десет воени бази ги носат имињата на водачите на Конфедерацијата. Некои од нив се Форт Брег во сојузната држава Северна Каролина, една од најголемите на територијата на САД, и Форт Худ во Тескас. Дебтата за нивното преименување во американската јавноста се појавија како начин на „расно помирување“.

Во низа твитови, претседателот Трамп напиша дека тие бази станале дел од „американското наследство“.

„САД ги обучуваа и распоредуваа нашите ХЕРОИ на таа благословена почва и добија две светски војни. Поради тоа, мојата администрацина воопшто нема да го разгледува преименувањето на овие величествени и легендарни воени бази“, напиша Трамп.

Јужните држави во шеестите години од XIX век се отцепиле од САД и ја формирале Конфедерацијата за да го заштитат своето уредување и во прв ред стопанството засновано врз робовладетелството. Соединетите држави од северот го поразиле Југот во граѓанската војна и ја вратиле Унијата.

Меѓутоа, робовладетелското минати и натаму е проблем во САД. И во блиското минато се јавија контроверзии поради симболите на Кофедерацијата, како спомениците на нејзините водачи и бојни знамиња. Оние кои се за нивно укинување тврдат дека ги симболизираат расизмот и опресијата, а другите ги сметаат за наследство и гордост на Југот.

Во тој контекст портпаролката на Белата куќа, Кајли Мејкинеи го коментираше во средата потегот на HBO Max да го повлече од понудата легендарниот филм „Одвеано со виорот“ прашувајќи „каде се повлекува границата“.

Имено, во филмот базиран на роман од 1936 година се прикажани „среќни робови“ од црната раса. Тој одамна е критикуван за романтизирањето на ропството во Америка. HBO сепак соопшти дека остварувањето наградено со осум оскари во кое настапуваат легендарните актерни Вивиен Ли и Клерк Гејбл, може да биде вратено на платформата, но придружено со истакнати забелешки за „конфликтните и противречни теми“ во него.

„Дали требиа Џорџ Вашингтон и Томас Џеферсон да бидат избришани од историјата“, запраша во истиот контекст портпаролката на Белата куќа, говорејќи за првиот и третиот претседател на САД, кои и двајцата биле робовладетели.

Претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, пак, во контексот на предизборната кампања и во обидите да обезбеди гласови на црната заеднциа за кандидатот на нејзината партија Џо Бајден за изборите во ноември, во средата го повика Конгресот итно да преземе чекори за отстранување на статуите од Капитол во Вашингтон кои ги претставуваат водачите и војниците на Конфедерацијата.

„Нивните споменици ѝ одаваат почест на омразата, а не на наследството. Треба да бидат отстранети“, рече Пелоси.

На Капитол, меѓу другите, се наоѓаат и статуите на енералот Робер Ли и претседателот на Конфедерацијата.

Американската морнарица во вторникот објави дека работа да се забранат воените знамиња на Конфедерацијата на сите јавни места и на нивните бродови и авиони. Кампања која беше покрената пред неколку години а се однесуваше на конфедерациските обележја на јавни простори.