Трамп нема коронавирус

Анализите покажале дека кај американкиот претседател Доналд Трамп нема присуство на коронавирус, сопшти лекарот на претседателот Шон Конли во меморандум за јавноста.

„Минатата вечер откако исцпрно разговарав со претседателот за тестирањето на Covid-19, тој реши да се подложи на тест. Вечерва добив потврда дека тестот дал негативни резултати“, се наведува во соопштението издадено од Белата куќа.

Според Конли, една седмица по разговорит со бразилската делегација кај претседателот на САД нема никакви симптоми на заболувањето. И самиот Трамп изјави дека пред прес-конференцијата во саботата му била измерена температурата и таа била „апсолутно нормална“.

„Контактот на претседателот со едно од заразените лица бил исклучително ограничен (фотографирање, ракување). Во близина на второто заразено лице минал повеќе време, но сето тоа се интеракции настанати пред појавата на какви и да се симптоми“, напиша лекарот на американскиот претседател.

Претходно бразилсакта амбасада во Вашингтон извест за позитивните резултати од тестовите на коронавирусот на амбасадорот Нестор Фостер, кој е веќе трети член на делегацијата која присуствуваше на средбата со Трамп, со позитивнат дијагноза на Covid-19.

Во САД, според последните податоци кои ги објави телевизијата CNN ноќта кон неделата, заразени се 2.655 лица, од кои 56 починале.