Трамп: Нема потреба да се мешам, Моди ја има ситуацијата под контрола во Кашмир

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема потреба да посредува меѓу Пакистан и Индија во однос на Кашмир, затоа што индискиот премиер Нарендра Моди ја има ситуацијата „под контрола“.

Претходно месецов Трамп рече дека е подготвен да се вклучи, но на средбата со Моди на Самитот на Г7, американскиот претседател изјави дека „премиерот навистина чувствува дека ја има контролата“.

Во јули Трамп рече дека Моди го замолил да посредува во конфликтот, што веднаш потоа беше демантирано од индиската Влада.

Индија постојано повторува дека прашањето за Кашмир може да биде решено само билатерално со Пакистан.