Трамп неодреден околу статусот на Крим, сојузниците повторно во дилема

Американскиот претседател Доналд Трамп остана во четвртокот во Брисел недореден по прашањето на статусот на црноморскиот полуостров Крим, велејќи дека тоа се случило во мандатот на неговиот претходни Барак Обама, што повторно предизвикува стравување кај американските сојузници во Европа пред неговиот состанок на 16-ти јули во Хелсинки со рускиот претседател Доналд Трамп.

„Тоа се случи во времето на Барак Обама, не во мое време. Тој дозволи тоа да се случи. Што сега ќе се случи со Крим не можам да ви кажам“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на самитот на НАТО во Брисел.

Кон средината на јуни Трамп ги вознемири западните особено европските сојузници кога во разговорите со челниците на другите земји од групата седум индустриски најразвиени во светот Г7 во Канада, покрај пораката дека треба да се размисли за враќање на Русија во форматот Г8, рекол и дека црноморскиот полуостров Крим е руски, што е една од причините за суспендирањето на Москва од ова друштво, објави тогаш порталот BuzzFeed News повикувајќи се дипломатски извори.

„Доналд Трамп им кажа на челниците на Г7 декан Крим е руски, бидејќи сите што живеат таму зборуваат руски“, рекол соговорникот на порталот. Истиот извор, исто така, рекол дека Трамп ја довел во прашање поддршката којашто лидерите на Г7 му ја даваат на Киев, бидејќи „Украина е една од најкорумпираните земји на светот“.Порталот, исто така, забележа дека во моментов не е јасно дали изјавите на американскиот претседател бил „шега кажана во минување„ или тие „сигнализираат радикално отстапување од актуелната надворешна политика на САД“.

По бунтот со кој на почетокот од 2014 година во Киев беше воспоставена власт поддржана од Западот и носењето на неколку закони со кои беа одземени ингеренции на регионите, мнозинското руско и рускојазично население на Крим одржа референдум на кој си ја поврати автономијата укината во 1990-те и изгласа присоединување кон Руската Федерација. За повторно обединување со Русија, од чии рамки како автономна покраина е одвоена во 1950-те година на СССР гласаа 96,77 отсто од гласачите на Крим и 95,6 отсто од жителите на Севастопол.

Западот не го признава референдумот и тврди дека станува збор за нелегална руска анексија на украинска територија. Поради тоа, администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама воведе неколкукратни санкции против Русија која ја обвинува дека се меша и во војната во југоисточните украински региони, а потоа под притисок од Вашингтон и неговите главни сојузници истото го стори и Европската унија.

Во четвртокот на завршувањето на дводневниот самит на НАТО на прашањето дали рускиот претседател Владимир Путин, со кој ќе се сретне во понеделник во Хелсинки, му е непријател и дали тој претставува закана, Трамп одговорил дека не му е непријател, туку соперник.

„Не сакам да ми биде закана. Мислам дека затоа и ги имаме НАТО и САД. Дали тој е мој непријател. Не, тој е ривал, Можеби еден ден ќе биде пријател, не го познавам доволно“, рече Трамп.

Додаде дека со Путин ќе разговара за контролата во вооружувањето, продолжувањето на новиот договор за стратешкото вооружување, за руското кршење на договорот за отстранување на ракетите со среден и кус дострел, за Сирија, Украина, како и за прашањето за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година на кој победи Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.