Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир, објави „Фокс њуз“.

Тој беше номиниран од Кристијан Тибринг-Геде, десничарски пратеник во норвешкиот парламент.

Трамп беше вклучен во постигнувањето мировен договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати во август.

„Мислам дека тој се обиде да создаде мир меѓу народите повеќе од било кои други кандидати за наградата за мир“, рече норвешкиот парламентарец, кој исто така е претседател на норвешката делегација во Парламентарното собрание на НАТО.