Трамп објави дека САД и Кина се „многу близу“ до трговски договор

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во четвртокот дека САД се „многу близу“ до постигнување трговски договор со Кина, што го јавува и агенцијата Bloomberg повикувајќи се на свои извори, додека кинеската страна потврди дека се преговара за постигнување трговски договор.

„МНОГУ блиску сме до ГОЛЕМ ДОГОВОР со Кина. Тие го сакат и ние го сакаме“, напишта Трамп на Twitter.

Според извори на агенцијата Bloomberg, договоите кои ги постигнале американските преговарачи сега останува да ги одобри претседателот Трамп. Според агенцијата, американските претставници подоцна во текот на четврокот по локално време треба да се сретнат со претседателот на средба на која може да биде одобрен договорот.

Гао Фенг, портпаролот на кинеското министерство за трговија, изјавил за новинарите дека „економските и трговските тимови од двете страни одржуваат блиска комуникација“, пренесува агенцијата Reuters.

Американските преговарачи понудиле намалување до 50 отсто од постојните царини на кинескиот увеоз во износ од 360 милијарди долари, и суспендирање на царините кои треба да стапат на сила на 15-ти декември, пренесува весникот The Wall Street Journal. За возврат Вашингтон побарал од Пекинг да се обврзе на големи количества земјоделски и други американски производи , да се заштитата правата на американската интелектуелна сопственост, како и овозможување поширок пристап на САД на кинескиот сектор на финансиски услуги, Доколку Пекинг не ги исполни овие услови, американската страна ќе биде подготвена да ги врати давачките на претходните нивоа.

Гао одбил да ги коментира можните противмерки, доколку Вашингтон ги наметне новите царини овој викенд. САД ќе наметнат царини на 15-ти декември, доколку не биде постигнат договор, на речиси 160 милијарди долари кинески увоз кој вклучува играчки конзоли, компјутерски монитори и играчки.

На 6-ти декември, шефот на Националниот економски совет на Белата куќа, Лоуренс Кадлоув, изјави дека Вашингтон и Пекинг се блиску до склучувње трговски договор, но дека Трамп би можел да го отфрли доколку не бидат исполнети барањата на американската страна. Притоа истакна дека договорот веројатно нема да биде склучен до 15-ти декември, кога треба да започнат да се применуваат дополнително зголемените и раширени царини на кинескиот увоз.

На почетокот од седмицава, америкаснкиот трговски претставник Вилбур Рос изјави во интервју за каналот Fox Business, дека претседателот Трамп има намера да го прошири списокот на производи кои ќе се царинат по повисоки нивоа, доколку до 15-ти декември не биде постигнат договр со Пекинг.