Трамп објави интервју пред телевизијата и порача „Погледнете ја оваа пристрасност“

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот самиот објави телевизиско интервју пред да го објави самата телевизија, а овој невообичаен потег го објасни со тоа што сакал да покаже дека новинарката е пристрасна.

Трамп на социјалните мрежи објави речиси 40-минутен разговор со Лесли Стол, позната водителка на емисиијата „60 minutes“ на американската телевизиска мрежа CBS со коментарот „Погледајте ја оваа пристрасност, омраза и непристојност во ‘60 minutes’ и CBS“.

Трамп во текот на интервјуто постојано приговара дека тој добива „тешки“ прашања, за разлика од неговиот демократски противкандидат Џо Бајден на кој му биле поставувани „лесни“ прашања.

„Само барам да бидете чесни. Би сакал Џо Бајден да го интервјуиравте како што ме интервјуиравте мене“, ѝ вели Трамп на Стол.

„Телевизијата се дискредитираше себеси со тоа што Бајден го праша кој му е омилениот вкус на сладолед“, додаде Трамп

Исто така, ја обвини телевизијата CBS дека го штити Бајден зашто новинарката во интервјуто му рече „Не можеме да прашаме за работи кои не можеме да ги провериме“, веројатно мислејќи на објавите од последните денови на дневните весници во кои се наведува дека неговиот син Хантер Бајден имал милионски заработки во украинската енергетска компанија „Burisma“ во која ивнестори се проруски олигарски а за која поранешниот украински претседател Петро Порошенко ја прекина истрагата за корупција сменувањејќи го државниот обвинител. Весниците, исто така, објавија дека истовремено додека Џо Бајден беше потпретседател на САД неговиот син основал компанија во Кина на чија сметка владата во Пекинг уплатила 1,5 милијарди долари.

„Што е премногу, премногу е“, вели Трамп при крајот на интервјуто и ненадејно излегува од студиото велејќи ѝ на Стол дека „има доволно материјал“ за интервјуто во емисијата којашто инаку се емитува во недела.

За оваа ситуација уште во вторникот извести CNN, кога објави дека Трамп „разговараше со Лесли Стол 45 минути, по што неочекувано го заврши интервјуто, велејќи дека телевизиската компанија според него веќе има доволно материјал“. Според CNN, шефот на Белата куќа не се вратил за вториот дел од снимањето, на кое требало дасе појави заедно со потпретседателот Мајк Пенс.

Самиот Трамп прво објави на Twitter кусо видео од снимањето, на кое водителката и другите присутни разговара со претседателот без маска, што го одбележа во објавата.

Трамп уште тогаш најави дека ја разгледува можноста за објавување на интервјуто „поради точноста“ пред тоа да биде емитувано на телевизијата. „Тоа ќе биде сторено за секој да има претстава како изгледа пристрасно интервју и за каков ‘фејк’ (лажно) интервју станува збор“, објави на Twitter.

Откако повеќето американски медиуми уште на претседателските избори во 2016 година јавно се декларираа дека се против изборот на Доналд Трамп, тој често ги обвинува дека се пристрасни во врска со него.

На објавата на снимката Трамп ја критикуваше и модераторката на завршната дебата на претседателските кандидати во која подоцна во четвртокот ќе се соочи со Бајден.

„Денешната водителка, Кристен Велкер, е многу полоша!“, напиша Трамп крај објавата.

Тој и претходно како „тврда демократска левичарка“ ја критикуваше за пристраснот известувачката на телевизијата NBC од Белата куќа, која ја избра Комисијата за набљудување на дебатите, којашто пак ја критикуваше за промена на темите и поставување на борбата против коронавирусот, американското семејство, расното прашање, климатските промени, националната безбедност и управувањето со државата, но изоставена е економијата.

&nbsp