Трамп објави дека САД излегуваат од нуклеарниот договор со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп, како што беше најавено, во вторникот вечерта по 20 часот по средноевропско време ѝ се обрати на јавноста и објави повлекување на САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година кој го нарече „катастрофален“ и најави обновување на санкциите против Техеран.

„Денеска објавувам дека САД ќе излезат од иранскиот нуклеарен договор“, изјави Трамп во телевизискиот пренос од Белата куќа.

„За неколку минути ќе го потпишам претседателскиот меморандум да започнат повторно да се воведуваат американските нуклеарни санкции за иранскиот режим. Ќе воспоставиме највисоко ниво на економски санкции“, додаде Трамп.

Одлуката на Трамп веднаш ја поздрави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Иранскиот нуклеарен договор беше рецепт за катастрофа“, порача Нетанјаху на социјалните мрежи.

Американскиот претседател е убеден дека задржувањето на Заедничкиот сеопфатен план за акција (Joint Comprehensive Plan of Action – JCPOA – што е официјален назив на иранскиот нуклеарен договор – з.р.) ќе се соочи со почетокот на трката во нуклеарно вооружување на Блискиот исток.

„Доколку дозволам овој договор да остане на сила, тогаш наскоро на Блискиот исток ќе започне трката во нуклеарното вооружување“, рече Трамп.

Можното создавање на атомска бомба во Иран само ќе го загрози постењето на режимот во Техеран, додаде Трамп во специјалното обраќање од Белата куќа.

„Теоретски, таканаречениот ирански договор требаше да ги заштити САД и нашите сојузници од непромисленоста на иранската нуклеарна бомба – оружје коешто само ќе го загрози опстанокот на иранскиот режим“, истакна американскиот претседател.

Меѓутоа, повеќето светски лидери и аналитичари, имајќи ги предвид изјавите од Техеран дека иранската држава е подготвена да ги продолжи уште посилно нуклеарните програми додека договорот со шесте светски сили од 2015 година биде поништен, сметат дека токму ваквата одлука на Вашингтон ќе означи почеток на трката во вооружување во немирниот блискоисточен регион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.