Трамп објави видео во кое го „претепува“ CNN (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата на својот профил на Twitter објави ран видео материјал во кон напаѓа и удира маж чијашто глава ја заменил со логото на телевизијата CNN.

Видеото е модификувана верзија на настапот на Трамп на кечерски борби WrestleMania 23, од 2007 година во кој го собори челникот на организацијата WWE, Винс Мекмахон. Во снимката објавена во неделата главата на Мекмахоне не се гледа од логото на CNN.

Трамп сопругата на Макмахон – Линд ја именуваше за челничка на управата за мали претпријатија, а и таа со години беше активна во боречката организација WWE.

Како претседателски кандидат и подоцна како претседател на САД, Доналд Трамп повеќепати изразуваше презир и жестоки критики на некои медиуми, особено на CNN и The New York Times нарекувајќи ги „непријатели на американскиот народ“. Ваквите медиумски куќи кои отворено застанаа против неговата кампања и на страна на демократската противкандидатка Хилари Клинтон ги нарече „неуспешни“ и „лажни вести“, а особено се наврти на CNN за кој во саботата на Twitter напиша дека се размислува дали да ги нарекува „лажни“ или „измамнички вести“(FraudNewsCNN, FNC).

„Тажен ден е кога претседателот на САД поттикнува насилство против новинарите“, соопшти телевизијата којашто често беше исмејувана од Трамп поради низата катастрофални грешки.

„Наместо да се подготвува за своето прекуокеанско патување, својот прв состанок со *рускиот претседател) Владимир Путин со решавањето на севернокорејското прашање или здравствениот систем, тој се однесува адолесцентски, далеку под угледот на својата канцеларија“, додава CNN.

Овој одговор беше ставен под твитот на портпаролката на Белата куќа, Сада Сандерс, која на 29 јуни изјави дека претседателот „во ниедна форма или облик не промовира насилство и не го охрабрува“.