Трамп објави воведување вонредна состојба на јужната граница на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во петокот воведување вонредна состојба на јужната граница кон Мексико, што ќе му овозможи да добие средства од околу 8 милијарди долари за изградба на ѕидот без одобрување од Конгресот.

Изјавата емитувана на локалните медиуми беше дадена во Розовата градина на Белата куќа.Трамп истакна дека „денеска ќе потпише и воспостави вонредна состојба во земјата“. „И тоа е прекрасно“, истакна.

„Сите знаат дека ѕидовите функционираат“, рече американскиот претседател споменувајќија „инвазијата“ (од илеганите имигранти) како причина поради којашто треба да се изгради ѕидот.

Трамп побара Конгресот во буџетот за следната фискална година да вклучи 5,7 милијарди долари за градење на ѕидот, што беше едно од неговите главни предизборни ветувања. Демократите, кои имаа мнозинство во Претставничкиот дом, се противат на ѕидот и веќе најавија дека ќе поднесата предлог-закон кој ќе ја блокира одлуката на претседателот за воведување вонредна состојба.

Вонредната состојба, доколку не ја блокираат судови или Конгресот, ќе му овозможи на Трамп да има пристап до средствата кои пратениците ги намениле за други потреби, за да го изгради ѕидот, односно да го заобиколи Конгреост за да деблокира средства за негово градење.

Во текот на телефонскиот брифинг со новинарите во петокот, заменикот на шефот на персоналот на Белата куќа, Мик Малвен, рекол дека вонредната состојба ќе му овозможи на Трамп да дојде вкупно до околу 8 милијарди евра. Така, буџетот на Конгресот ќе пренасочи 1,375 милијарди долари, од фондот на министерството за финансии ќе бидат земени околу 600 милион идолари, од програмата на министерството за одрбана за борба против наркотиците ќе бидат земени 2,5 милијарди долари, а самио режим на воредна состојба ќе овозможи ќе добие 3,5 милијарди долари, заложени за изградба на објекти за потребите на Пентагон.