Трамп: Обвинителите не најдоа докази за договор со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп ијави во саботата дека иследниците не нашле никакви докази за наводното договарање на неговиот изборен штаб во 2016 година со Русија, ден откако американските обвинители опишуваа наводни поединости на претходно непознат обид на Руси да му помогнат во претседателската кампања.

„По две години и милион страници документи (и потрпени над 30 милиони долари), нема договор“, напиша претседателот Доналд Трамп на Twitter.

Наводниот руски потег е опишан во еден од неколкуте судски поднесоци на специјалниот обвинител и иследник Роберт Мјулер во петокот во кој се бара затворска казна за поранешниот личен адвокат на Трамп, Мајкл Коен. Следните денови треба да биде изречена пресудата за кршење на прописите за финансирање на кампањата, финансиски криминал и лажење шред Конгресот за деловните договори на Трамп во Русија.

За време на разговорите на Организацијата Трамп за градење хотел во Москва, Коен рекол пред обвинителите дека во ноември 2015 година му пришол неименува Русин тврдејќи дека е „лице од довредба во Руската Федерација“, се наведува во поднесокот.. Русите наводно понудиле „синергија на ниво на влада“ со кампањата на Трамп во обидот за средба меѓу Трамп и рускиот претседаетл Владимир Путин, се наведува уште во поднесокот, и се додава дека Коен рекол дека не го следел. Меѓутоа, во споменатата година, веројатно ниту самиот Трамп не размислувал да се кандидира за претседател.

Мјулер рекол дека раговориет за можниот развој на настаните во Москва би можеле да бидат важни за неговата истрага, бидејчи се случиле „во време на непрекинатите напори на руската влада да влијае врз американските претседателски избори“, иако во ноември 2015-та се’ уште не беа познати ниту кандидатите кои ќе се натпреваруваат за партиските номинации за изборите кои се одржаа едена година подоцна.

Во одделен судски поднесок од петокот, канцеларијата на Мјулер наведува дека поранешниот шеф на кампањата на Трамп, Пол Манафорт лажел во устрагата за своите конатакти со бизнисмени краинци за кои постојат сомневања дека биле поврзани со руското рузузнавање. Во овој поднесок се појаснува зашто Мјулер минатата седмица го повлекол договорот за признание на вината со Манафорт, кој во септември се изјасни за виновен по две точки од обвинението за даночна измама и непријавување дека работел како странски советник и се согалсил да соработува со иследниците надевајќи се на поблага казна.