Трамп од Сеул бара повеќе пари за заштита

Американскот претседател Доналд Трамп потврди дека Јужна Кореја се согласила да им плати на САД „многу повеќе“ за заштита од Северна Кореја. На Твитер Трамп напиша дека почнале разговори за зголемување на исплатата.

„САД со децении биле платени многу малку“, напиша Трамп.

Тој додава дека лани „Јужна Кореја платила 990 милиони долари“.

Пред половина година Сеул и Вашингтон потпишаа договор со кој Сеул треба да зголеми финансиски придонес за распоредените американски трупи на своја земја. Договорот е Сеул да плати најмалку 924 милиони долари во 2019 година за американското воено присуство. Лани Јужна Кореја платила 830 милиони долари.

САД во Јужна Кореја имаат 28.500 војници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.