Трамп одлучи да ја преземе контролата врз најмоќната банка во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја преземе контролата врз најмоќната банка во САД и оти ќе ја врати контролата над Федералните резерви од семејството Ротшилд, ослободувајќи ги од штетните прописи што со децении ја уназадувале Америка.

Според Трамп, на Федералните резерви премногу долго им било дозволено да предизвикуваат зголемување на каматните стапки, создавајќи огромни долгови и забавување на растот на економијата.

Одборот на гувернери на Федералните резерви мора да има седум членови, од кои тројца се на Трамп. Двајца од сегашните гувернери беа ставени на оваа функција од претседателот Трамп. Уште двајца други беа предложени од него и чекаат потврда од Сенатот. Откако овие двајца ќе влезат во одборот на ФЕД, тогаш претседателот ќе предложи уште двајца. Во суштина, можно е шестмина од седумте членови на Одборот да бидат поставени од Трамп, известува Cnbc.com.

Сојузниот комитет за отворен пазар има 12 членови и ја поставува монетарна политика на нацијата. Седум од нив се членови на Одборот на гувернери. Дополнителните пет се претседатели на окружните банки на Федералните резерви.

По усвојувањето на Дод-Френк законот во јули 2010 година, ФЕД доби огромна моќ да ја регулира банкарската индустрија. Тие брзо почнаа да наметнуваат низа нови правила и воспоставија систем кој ги казнувал банките кои не ги почитуваа нивните нови правила.
Овие правила вклучуваат поставување на ограничувања за тоа колку голема банката може да биде, колку пари банките мораа да инвестираат во федерални фондови и обврзници, како и процент на нивната актива, кои заеми беа пожелни, а кои не, каде банките можеле да ги добијат своите средства и многу, многу повеќе, вклучувајќи и тоа колку банката може да ги плати своите инвеститори во дивидендите.