Трамп: Одлуките на социјалните мрежи се срамота за САД

Донеодамнешниот американски претседател Доналд Трамп смета дека блокирањето на неговите профили на социјалните мрежи на Facebook, Twitter и Google претставуваат „апсолитен срам“ за Соединтетите држави, се вели во објавата во средата отокако Надзорниот одбор на најголемата социјална мрежа на светот објави дека ја продолжува забраната за објавување на пораки на Facebook и на Instagram на поранешниот републикански претседател, за што медиумите сметаат дека е одлика донесена во врска со најавите за негово повторно кандидирање на изборите во 2024 година.

„Тоа што го сторија Facebook, Twitter и Google е апсолутна срамота за нашата земја (…) Народот на оваа земја тоа нема да го трпи! Овие групи на социјални мрежи треба да ја платат политичката цена и никогаш повеќе не смее да им биде дозволено да го уриваат и да го претвораат во руини нашиот изборен процес“, се вели во писмената изјава на Трамп.

„На американкиот претседател му ја одземаа слободата на говорот, бидејќи лудаците од крајната левица се плашат од вистината, но вистинската и онака ќе излезе на виделина, поголема и посила од кога и да е“, порачува Трамп алудирајќи на фактот дека без никакво втемелена правна основа и спротивни докази на неговите тврдења, мејнстрим социјалните мрежи ги блокираа неговите изјави за нерегуларноста на изборите од 3-ти ноеври 2020 година на кои според него му е украдена победата во полза на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Во ист контекст во средата реагираа и републиканските претставници во Конгресот, заканувајќи се со законодавство коешто ќе се однесува на големите технолошки избори, доколку на следните парламентарни избори нна средината од мандатот во ноември 2022 година повторно го освојат мнозинството во Сенатот.

„Ако Facebook може да му го забрани пристапот на претседателот Трамп, тогаш тоа може да му го стори и на секон конзервативец. Републиканското мнозинство во Домот ќе ја ограничи моќта на технолошките гиганти над нашите зборови“, вети во објава на Twitter водачот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Кевин Меккарти.

Најтесниот круг соработници на Трамп верува дека најверојатно ќе го одржи ветувањето и ќе учествува на изборите во 2024 година, но прашањето за враќање на пристапот до својот профил на Facebook е особено важен за неговото политичко враќање.

„Трамп и неговите приврзаниците сметаат дека обновувањето на пристапот до Facebook е особено важно за неговиот политички кабек. Одлуката на Надзорниот одбор за преразгледување на одлуката за спуспендирањето на рок од шест месеци, ги разгневи приврзаниците на Трамп. Facebook е неопходен за Трамп за учество на изборите: за собирање средства и за мобилизирање на поддржувачите. Еден од клучните консултанти на републикнаците го нарече одлуката на социјалните мрежи потврда за пристрасноста на технолошките компании кон конзервативците“, пишува поратлот Axios.

Претходно во средата Надзорниот одбор на Facebook ја поддржа одлуката за продолжување на блокирањето на приофилот на Доналд Трамп донесена по безредијата од 6-ти јануари годинава на Капитол Хил, но препорача компанијата да ја преиспита одликата за неопределеноста на блокирањето во рок од шест месеци.

По немирите од 6-ти јануари во Вашингтон, Facebook го блокираше Трамп да објавува на неговите социјални мрежи. Првично блокирањето требаше да трае до истекувањето на претседателскиот мандат на Трамп до 20-ти јануари напладне. Активностите на најголемите социјални мрежи против Трамп беа остро критикувани од републиканците, а сојузната држава Флорида донесе закон со кој се забранува социјалните медиуми да ги блокираат профилите на политичарите што ќе биде санкционирано со големи глоби.

Покрај тоа, со објаснување дека наводно Трамп ширел „лажни вести“ и ги поттикнувал насилствата во американскиот Конгрес кога огромна маса негови приврзаници се обидоа да го спречат потврдувањето на изборната победа на Бајден сметајќи дека изборите се нерегуларни, сѐ уште е блокиран и видеохостингот на YouTube кој е во стопственост на Google, па републиканецот и неговиот тим не можат од 12-ти јануари да објавуваат видео-материјали. Во март, извршната директорка на YouTube, Сјузан Воџицки изјави дека ограничувањата на сметката на поранешниот претседател на САД ќе бидат отстранети откако сервисот „ќе забележи намалување на ризиците од поттикнување насилство“.