Трамп одобри користење на нафтените резерви на САД, порача дека орозот е спремен

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека го одобрил користењето на нафтените резерви на САД по нападот врз најголемите саудиски нафтени постројки кој го преполови производството на нафта во најголемиот светски извозник, и порача дека Вашингтон подготвен за одговор на нападот.

„Имајќи предвид дека нападот во Саудиска Арабија би можел да има влијание на цените на нафтата, одобрив користење нафта од стратешките нафтени резерви, доколку биде потребно, во количества кои ќе се одредат и кои се доволни да осигури добро снабдување на пазарите… Им порачав и на сите надлежни агенции да го забразаат издавањето дозволи за сите нафтоводи кои во моментов се бараат на подрачјето на Тексас и другите американски сојузни држави“, напипа Трамп на Twitter.

Цените на нафтата на светските пазари во понеделникот утрото скокнаа за повеќе од 10 отсто, на највисоките нивоа во последните четири месеци, бидејќи нападите го намалија производството во Саудиска Арабија за 5,7 милиони барели дневно или 5 отсто од вкупното производство во светот.

Одговорноста за нападите со беспилотни леталта врз двете најголеми постројки на саудиската државна нафтена компанија „Saudi Aramco“ во покраините Абкаик и Кураис во саботата ги преземаа шиитските јеменски бунтовници Хути, кои ги помага Иран. Вашингтон за нападот, пак, го обвини Иран, но Техеран ги отфрли обвинувањата. Американскиот претседател во неделата сугерираше дека САД се подготвени за одмазда за овие напади.

„Саудиските извори на нафта се нападнати. Постојат причини поради кои веруваме дека го знаеме виновникот. Подготвени сме за окинување, зависно од потврдата, но чекаме да слушнеме (од Саудијците) кој според нив го предизвикал овој напад и под кои услови ќе продолжиме натаму“, напиша Трамп во твит во неделата.